TRENDING NEWS
Back to news
08 Jul, 2025
Share:
ДОПИРАЛ 12-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ И Ѝ НУДЕЛ ПАРИ ДА МОЛЧИ Уапсен 72-годишен маж од Чегране кој се сомничи за обљуба
@Source: plusinfo.mk
Гостиварската полиција вчера го лиши од слобода А.Д. (72) од село Чегране, по пријава дека извршил обљуба врз 12-годишно девојче во подрум на станбена зграда во Гостивар. Како што информираат од МВР, случајот бил пријавен од 34-годишен маж од Гостивар, татко на девојчето, кој навел дека А.Д. ја допирал неговата ќерка по телото и ѝ понудил пари за да молчи и да не му каже на родителот. „По добиената пријава, полициски службеници веднаш постапија и лицето беше приведено и задржано во полициска станица“, потврдија од Министерството за внатрешни работи. За случајот е известен јавен обвинител, а Центарот за социјални работи во Гостивар е вклучен заради заштита на малолетната жртва и понатамошна психо-социјална поддршка. Според првичните информации, инцидентот се случил во подрумска просторија на зградата каде живее семејството на девојчето. А.Д., кој е постар жител од блиско село, бил сам во моментот кога го извршил делото. По комплетно документирање на случајот, против осомничениот ќе биде поднесена кривична пријава, а се очекува и барање за притвор поради сериозноста на делото.
For advertisement: 510-931-9107
Copyright © 2025 Usfijitimes. All Rights Reserved.