TRENDING NEWS
Back to news
13 Apr, 2025
Share:
МАКЕДОНСКИТЕ РАКОМЕТАРКИ НЕМА ДА ОДАТ НА МУНДИЈАЛОТ Изгубија од Полска 23:21
@Source: plusinfo.mk
Женската ракометна репрезентација на Македонија ќе чека нова прилика за пласман на светско првенство затоа што не успеа во двомечот со Полска. Фаворитот во баражот вечерва победи и во Битола со 23:21 и во ниту еден момент не го доведе во прашање учеството на ракометниот мундијал во Холандија и Германија. Македонските ракометарки во текот на целиот натпревар играа добро во одбраната и лошо и неефикасно во нападот. На семафорот најчесто имаше израмнет резултат, а само еднаш водство од 8:7, додека во останатиот дел од дуелот гостинките искусно одржуваа блага предност и на крајот победија со 23:21. Најефикасна на средбата беше ракометарката од Полска, Балсам која постигна 7 голови, додека во македонската селекција со 5 голови се истакна Дамјановска. Приходот од продадените влезници ќе биде дониран за настраданите семејства во Кочани.
For advertisement: 510-931-9107
Copyright © 2025 Usfijitimes. All Rights Reserved.