Back to news
МАКЕДОНИЈА ГИ ЗГОЛЕМУВА ТРОШОЦИТЕ ЗА ОДБРАНАТА, НО НЕ МОЖЕ ДА ИЗДВОЈУВА ПОВЕЌЕ ОД 3% ОД БДП „Ако сакате мир, подготвувајте се за војна“
@Source: plusinfo.mk
Одбраната на Македонија во рамките на НАТО е потребна повеќе од кога било, а мирот и стабилноста се постигнува и со вложување во одбранбените способности, рече денеска пратеникот од ЗНАМ и поранешен генерал мајор Павле Арсоски.
Како претседател на Комисијата за одбрана и безбедност, тој денеска беше домаќин на Асоцијацијата на одбранбени атешеа акредирани во Македонија.
Арсоски рече дека земјава секогаш била сериозна кон обврските од членството во НАТО, вклучително и за насоките од Самитот на Алијансата во Велс од 2014 година за издвојување на најмалку 2 отсто од БДП за одбранбениот буџет.
– Ние таа цел ја постигнавме многу кратко од нашето пристапување во НАТО во 2020 година. Веќе во 2023 и во 2024 година е надминат 2 отсто од БДП. Во НАТО сега се разговара за повеќе проценти, 3, дури и за 5, но, повеќе е важно како се издвојуваат средствата, на кој начин, за системот за одбрана. Ако сакате мир, подготвувајте се за војна, значи ние сме сериозни кон обврските во НАТО. Нашиот министер за одбрана спомна дека може да работиме и да настојуваме да достигнеме и некој позначаен процент од 3 проценти, но, повеќе од тоа верувам дека Македонија во овој момент не е во состојба да издвојува – рече пратеникот Арсоски на новинарско прашање за новата иницијатива на американски претседател Доналд Трамп сојузниците во НАТО на одбраната да трошат 5 отсто годишно од својот БДП.
Хрватскиот воен аташе, бригадир Стјепан Домјанчиќ на истото прашање одговори дека Хрватска континуирано го зголемува издвојувањето за одбраната од БДП.
– Ние го надминавме тоа ниво од 2 отсто, меѓутоа поважно од самата бројка, е всушност содржината на тоа издвојување, квалитетот и промена на општата свест, не кај припадниците на одбранбениот ресор, туку кај граѓаните, дека одбраната и сигурноста се нешто на кои ќе се посветува многу повеќе внимание во иднина. Но, секогаш треба да се внимава тоа да не загрози други сектори од општеството, што на крајот би можело да ги загрози и издвојувањата за одбраната – рече Домјанчиќ.
Тој изрази задоволство што за разлика од досегашните активности на Асоцијацијата кои биле насочени главно на посети на организациските единици на Министерството и на војската на Македонија, ова е првпат да имаат прилика да го погледнат одбранбениот сектор на земјава од аспектна одбранбената политика и парламентарниот надзор над буџетирањето.
Во Асоцијацијата на одбранбени аташеа членуваат држави од ЕУ, од НАТО, но и од трети земји, додаде тој, но, во посетите што ги организираат нема дисонантни тонови, оти безбедносните кризи се глобално присутни и заеднички на сите.
– Секако дека како членки на НАТО и на ЕУ делиме можеби поинаква перспектива, но стравувањата и надежта за подобар свет е нешто што сите нè поврзува и ова е добра прилика да ги сослушаме оние со кои не се согласуваме – вели хрватскиот воен аташе, Стјепан Домјанчиќ.
Related News
International
15 Feb, 2025
Journalism’s not about ‘unity’, porn’s t . . .
Travel
15 Feb, 2025
Полиция остановила в Ливанах BMW: водите . . .
Rugby
22 Feb, 2025
Dave Grohl's secret love child: Identity . . .
International
12 Feb, 2025
UNILAG Muslim alumni to hold lecture on . . .
Rugby
10 Feb, 2025
What can we expect as Carla Ward names h . . .
International
21 Feb, 2025
Fixtures added to Dream Team as European . . .
Golf
12 Feb, 2025
Why has Indonesia ordered Trump’s touris . . .
International
13 Feb, 2025
Things to do in Chicago Feb. 13-19: The . . .