Back to news
4 БОЛНИЦИ ВО АТИНА И ВО СОЛУН СЕ СПРЕМНИ ЗА ПОМОШ Во Грција ќе бидат хоспитализирани 18 пациенти
@Source: plusinfo.mk
Националниот центар за брза помош е во целосна оперативна готовност за транспорт и за лекување повредени со изгореници по барање на Северна Македонија, напиша на платформата Икс, министерот за здравство на Грција, Адонис Георгиадис, и посочи дека 4 болници во Атина и во Солун се во состојба на зголемена готовност, јави дописничката на МИА од Атина.
Георгиадис објасни дека по барањето од нашата земја до Европскиот механизам за цивилна заштита, во тек се „сите неопходни активности и во тек е координација помеѓу грчкото Министерство за надворешни работи, Министерството за здравство, Министерството за климатски кризи и цивилна заштита и Здравствен оперативен центар на брзата помош со цел транспорт, прием и лекување на повредените со изгореници во соодветните здравствени центри во земјата“.
Според министерот за здравство на Грција, врз основа на оперативниот план во состојба на зголемена готовност се 3 болници во Атина и една во Солун, што воедно се и едни од најголемите грчки болници.
„Општиот координативен центар на службата за брза помош веќе го стави во состојба на готовност неопходниот број амбулантни возила кои ќе се користат во случај да се донесе одлука дополнителни повредени со изгореници да треба да се транспортираат во здравствените центри на националниот здравствен систем или на Министерството за национална одбрана во Атина“, напиша Георгиадис на социјалната мрежа Икс.
Дополнително, тој потсети дека во општата болница „Папаниколау“ во Солун веќе се хоспитализирани 3 лица со изгореници.
Како што претходно објави МИА, грчки владини извори брифираа дека во болницата „Папаниколау“ во Солун и во воените болници во Атина и во Солун, ќе бидат хоспитализирани 18 повредени, со изгореници од пожарот во дискотеката во Кочани, и дека по телефонскиот разговор меѓу министрите за надворешни работи на двете земји, Јоргос Герапетритис, и Тимчо Муцунски, „со координирани активности на Министерствата за надворешни работи, здравство, цивилна заштита и службата за итна медицинска помош, Грција ќе ги прими сите повредни со изгореници, како што било побарано од Европскиот механизам за цивилна заштита“.
Тројца повредени со амбулантни возила попладнево пристигнаа во Солун и се хоспитализирани во болницата „Папаниколау“, а според информациите на МИА, станува збор за 2 девојки и едно момче на возраст од 25, 26 и 19 години, кои се тешко повредени со големи изгореници, еден од пациентите беше опериран, а операција ќе биде потребна и за уште едно лице.
Related News
01 Apr, 2025
India’s most-capped women’s player, Vand . . .
26 May, 2025
Aston Villa file complaint after Champio . . .
17 Mar, 2025
Hollywood star ‘sexually abused by men’
18 Jun, 2025
Retirement Doesn’t Always Go As Planned— . . .
24 Feb, 2025
Chinelle Henry channels Russell with exp . . .
31 May, 2025
12113 Glen Abbey Court
19 May, 2025
Workshop on Climate and Disaster Risk Fi . . .
01 May, 2025
Citroen lights up the EV market with six . . .