TRENDING NEWS
Back to news
17 Jul, 2025
Share:
️ „КЛИМА УРЕДОТ ЕКСПЛОДИРАШЕ, ПОЖАРОТ ГО ЗАФАТИ ЦЕЛИОТ МОЛ“ Најмалку 60 лица изгореа во трговски центар во Ирак
@Source: plusinfo.mk
Најмалку 50 лица се мртви во пожар кој во раните утрински часови го зафатил петкатниот трговски центар „Hyper Mall“ во Кут во Ирак, јави Би-Би-Си. Снимките на социјалните мрежи покажуваат пламени јазици кои ги опфатиле неколку катови на објектот. – Бројот на жртви достигна околу 50 лица, има и и повредени во оваа трагична неизвесна катастрофа – истакна регионалниот гувернер на Кут, Мохамед ал‑Мијахи за државната агенција ИНА. 🚨 🇮🇶 | Dozens of casualties reported in fire at hypermarket in al-Kut, Iraq pic.twitter.com/V73Gf8BmY9 — MENA Observer (@MidEastOb) July 17, 2025 Трговскиот центар „Hyper Mall“ бил отворен пред само пет дена. Во раните утрински часови, амбулантите сè уште пренесувале повредени и мртви лица во болниците во Кут, кој се наоѓа 160 км југоисточно од Багдад. – Сè уште пребаруваме исчезнати и носиме тела што не се идентификувани – изјавил претставник на здравствените власти од градот. Насир ал-Кураиши, доктор на околу 50-тина години, за АФП изјави дека во пожарот изгубил пет члена на семејството. – Нè снајде катастрофа. Отидовме во трговскиот центар за да јадеме, да вечераме и да избегаме од прекините на струјата дома. Клима уред експлодираше на вториот кат, а потоа избувна пожарот и не можевме да избегаме. Гувернерот ал-Мијахи објави тридневно жалост во провинцијата и најави пријави против сопственикот на трговскиот центар: – Поднесовме тужби против сопственикот на зградата и на мол‑центарот – појасни гувернерот. Прелиминарните наоди од истрагата се очекуваат за 48 часа.
For advertisement: 510-931-9107
Copyright © 2025 Usfijitimes. All Rights Reserved.