Back to news
ОТПОВИКАНИ 9 АМБАСАДОРИ СО УКАЗИ НА СИЉАНОВСКА ДАВКОВА Испразнети се местата во Лондон, Виена, Брисел, Прага, Софија…
@Source: plusinfo.mk
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова ги потпиша указите со кои се отповикуваат осум амбасадори од должноста бидејќи заминале на тие позиции без да ја исполнат законската обврска пред работното тело на Собранието, соопшти Кабинетот на претседателката.
Амбасадорите коишто се именуваат законски се обврзани пред да бидат назначени да ги презентираат своите согледувања за односите со државата на приемот или меѓународната организација пред работното тело на Собранието, надлежно за надворешна политика, а осуммина од деветте отповикани не го направиле тоа. Една амбасадорка се отповикува во редовна постапка поради завршување на мандатот.
Во согласност со донесените укази, се отповикуваат:
– Јакуп Реџепи од должноста вонреден и ополномоштен амбасадор во Босна и Херцеговина, со седиште во Сараево;
– Џенк Сејфула од должноста вонреден и ополномоштен амбасадор во Кралството Шведска, со седиште во Стокхолм;
– Методија Белевски од должноста вонреден и ополномоштен амбасадор во Кралството Белгија и од должноста вонреден и ополномоштен амбасадор за Големото Војводство Луксембург, со седиште во Брисел;
– Агнеза Руси Поповска од должноста вонреден и ополномоштен амбасадор во Република Бугарија, со седиште во Софија;
– Емил Крстески од должноста вонреден и ополномоштен амбасадор во Чешката Република, со седиште во Прага;
– Пајо Авировиќ од должноста вонреден и ополномоштен амбасадор и шеф на Постојаната мисија при Меѓународните организации, со седиште во Виена;
– Зеќир Рамчиловиќ од должноста вонреден и ополномоштен амбасадор во Црна Гора, со седиште во Подгорица; и
– Катерина Ставреска од должноста вонреден и ополномоштен амбасадор во Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, со седиште во Лондон.
Претседателката Сиљановска Давкова донесе Указ за отповикување во редовна постапка на Светлана Гелева од должноста вонреден и ополномоштен амбасадор и постојан претставник при Советот на Европа, со седиште во Стразбур, поради завршување на мандатот.
Во согласност со донесените укази, должноста на амбасадорите им престанува на 30 април 2025 година.
Претходно, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија појасни дека 9 амбасадори биле известени дека им завршил мандатот и дека се чека претседателката Гордана Сиљановска Давкова да ги потпише указите за нивно отповикување.
Related News
11 May, 2025
The rise, fall and remaking of the great . . .
21 Jul, 2025
Can You Guess Rasika Dugal’s ‘First Chal . . .
28 Feb, 2025
Selma Blair takes up boxing following he . . .
06 May, 2025
High School Sports Highlights/Scores (Ma . . .
16 May, 2025
Scottie Scheffler ‘punished for hitting . . .
06 May, 2025
Trump’s sons promote real estate and cry . . .
23 May, 2025
Boston Bruins GM Don Sweeney ramps up he . . .
29 May, 2025
Lionel Messi scores goal to give Inter M . . .