TRENDING NEWS
Back to news
10 Mar, 2025
Share:
ОВАА НЕДЕЛА ЌЕ ИМАМЕ ТЕМПЕРАТУРИ НАД 25 СТЕПЕНИ? Пролетта пристигнува предвреме
@Source: plusinfo.mk
Температури кои ќе надминуваат 25 степени можат да се очекуваат оваа недела на Балканот и во Македонија, според метеопрогнозерот Славчо Попоски. „Се прашувам, дали календарски сме сè уште зима, или пак лето, зошто? Оваа седмица, односно, во периодот од 10 март (денес понеделник), па сè до 17 март (следниот понеделник) југоисточна Европа ќе се соочи со уште потопло време со рано – летни температури на воздухот кои во делови од регионот, како и во нашата Македонија ќе надминуваат 25 степени, а можно е дури истите да се искачат и дури околу 30 степени“, напиша Попоски на Фејсбук. Тој вели дека покрај високите температури времето може да биде нестабилно, со можност за поројни дождови, додека во Македонија ќе дува засилен јужен и југозападен ветер со брзина од над 75м/час. Попоски предупредува дека овие денови разликите меѓу утринските и дневните температури се повеќе од 20 степени. „Метеопати, бидете внимателни деновиве, поради тоа што Биометеоролошките услови ќе бидат крајно неповолни, а исто така проблем ќе прави и транспортот на прашина и песок од Сахара кон нашиот дел од Европскиот Континент“, додава Попоски.
For advertisement: 510-931-9107
Copyright © 2025 Usfijitimes. All Rights Reserved.